(Видео) Големи пожари беснеат во Канада: Евакуирани 18.000 луѓе, прогласена вонредна состојба

Големите шумски пожари што ја зафатија канадската провинција Британска Колумбија принудија околу 18.000 жители да ги напуштат своите домови, а канадската федерална влада најави помош за обезбедување сместување и засолниште за евакуираните.

Пожарот „Балд Ренџ“ ја натера провинцијата да прогласи вонредна состојба. До саботата навечер огнената стихија зафатила повеќе од 10.300 хектари, додека пожарникарите продолжуваат со напорите за нејзино локализирање.

Во изминатите 24 часа пожарите се прошириле во јужниот дел на Британска Колумбија поради топлото и суво време. Покраинската служба за шумски пожари соопшти дека лошата видливост дополнително ја отежнува работата на пожарникарите и воздухопловните екипи.

Во гаснењето се ангажирани десет хеликоптери, меѓу кои и летало опремено за ноќни операции. Сепак, густиот чад и пламенот создаваат турбуленции и го отежнуваат нивното дејствување.

На терен веќе се наоѓаат 34 пожарникари од Австралија, пет од Нов Зеланд и 214 од Мексико, а во наредните денови се очекува пристигнување и на дополнителни меѓународни тимови кои ќе им помогнат на локалните служби во борбата со пожарите.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close