(Видео) Гори деловен центар во Москва: Има заробени луѓе

Пожар изби во деловен центар во центарот на Москва, јавуваат руските медиуми кои наведуваат дека се стравува дека во зградата што гори има заробени луѓе.

Пожарот избил во деловниот центар „Гранд сетун плаза“, а како што се наведува во огнената стихија во зградата има најмалку 20 заробени луѓе.

 

Од итната служба соопштија дека евакуирани се 120 луѓе.

Огнот зафати четири од десетте ката на зградата.

 

На местото на пожарот стиигнаа и министерот за вонредни ситуации на Русија, Александар Куренков и неговиот заменик Иља Денисов.

За сега нема инфромации за жртви.

Пожарот го гасат 180 пожарникари и 41 техничка единица.

Back to top button
Close