(ВИДЕО)„Гостите играа на маса и некој некому згази во тањир“ – Масовна тепачка на нашинци на прослава во Швајцарија

Долгонајавуваниот концерт во Швајцарија на 11-ти март, на кој настапија повеќе наши популарни фолк пејачи заврши неславно, со масовна тепачка во публиката.

Благоја Грујовски, Анета Арсовска, Кристијан Јованов, Дамјан Стојаноски и Дали Бенд беа музичките гости кои ги забавуваа нашинците во Швајцарија, пред да започне големиот неред.

Која била причината за оваа тепачка, за „Фокус” открива музичарот Кристијан Јованов.

„Ниту ние точно не знаеме зошто започна се. Неофицијално, додека некои од гостите беа качени на маса и играа, некој некому со нога му стапнал во тањир. Тоа е се што знаеме, никој од нас музичарите не доби ќотек“ – вели Јованов.

повеќе

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close