Видео) Градоначалникот на Аеродром „жив го фати“ како истура шут на дива депонија – возачот на камионот му го дава телефонот да се слушне со газдата и бега

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески спречил обид за нелегално истурање на градежен шут на дива депонија во Ново Лисиче. Тој објави видеоснимка на Фејсбук на која се гледа како бара инспекција и полиција, додека возачот на камионот кој го истовара шутот му дава телефонски да се слушне со газдата на фирмата. Потоа возачот на камионот бега од местото.
Од општината велат дека е пријавено во МВР и дека е направен записник. На местото веднаш излегол инспектор за животна средина од Општина Аеродром, а во понеделник ќе биде повикана фирмата на која ќе ѝ биде врачен записник и решение за казна за загрозување на животната средина.
Најниската казна е 9.000 евра, а највисоката над 80.000 евра во зависност за каква фирма станува збор.






