(ВИДЕО) Градоначалникот на Битола доби паркинг место за да не паркира повеќе бесплатно
Поранешната претседателка на Советот на Општина Битола и претставничка на независната граѓанска иницијатива Поинаку, Габриела Илиевска, заедно со советникот во општината Иван Чулакоски, преку видео-објава упатија критика до градоначалникот во врска со цената на паркирањето во градот.
Во објавата тие посочуваат дека, според нив, градоначалникот смета оти паркирањето во Битола не е скапо, па затоа го повикуваат од утре да плаќа паркинг како и останатите граѓани, тие наведуваат дека е обезбедено резервирано паркинг-место пред општинската зграда, со порака дека јавните функционери треба да ги почитуваат истите правила како и сите битолчани.
Од нивната објава произлегува порака дека одлуките поврзани со јавните услуги треба да важат подеднакво за сите, а трошоците да не бидат товар исклучиво на граѓаните






