(Видео) Грчки свештеници продавале дрога, ја криеле и во црквитe

Грчкиот свештеник и јутјубер,годишниот Партениос вчера се појави пред судот во Атина заедно со уште седум лица обвинети за трговија со дрога и нелегален транспорт на мигранти, објави tovima.gr.

Тој инаку е познат по своите религиозни видеа на интернет, а според истрагата, го користел својот религиозен авторитет како покритие за сериозен криминал.

Документите објавени од грчките медиуми наведуваат дека тој дејствувал како клучен соработник на жената која ја предводела бандата. Во синџирот со него учествувале уште двајца свештеници.

Полицијата тврди дека свештениците транспортирале, складирале и дистрибуирале кокаин и сурова марихуана, криејќи ја дрогата дури и во црковните простории. Тие го користеле својот статус и углед за да работат „на отворено“, без да предизвикаат сомнеж, додека ја ширеле мрежата на купувачи и дилери низ цела Грција.

Во тајните разговори, тие користеле кодни имиња – марихуаната се нарекувала „фануропитa“, по традиционалниот колач посветен на Свети Фануриј, додека комуницирале преку стари мобилни телефони без интернет, за да избегнат следење.

Истрагата покажа дека истата мрежа користела исти патишта за шверц на луѓе. Така, на 13 септември 2025 година, свештеникот Д.М. бил уапсен во регионот Родопи додека превезувал шест странци без документи. Во близина биле и други возила на свештеници – едното како извидник, другото како „заштита“ за конвојот.

Минатата недела, полицијата во Родос фати еден член на бандата како предава 2,1 килограми кокаин на друг. Истата вечер, водачот на групата бил уапсен во Атина, при што во негова сопственост била пронајдена помала количина марихуана.

Според полициските записи, мрежата купувала, разредувала и препакувала големи количини наркотици најмалку три месеци. Проценките покажуваат дека вредноста на кокаинот билаоколу 35.000 евра по килограм, а на марихуаната околу 2.500 евра по килограм.

 

 

Back to top button
Close