(Видео) Гужви на бензинските пумпи и во Србија
Пред бензинскатите пумпи низ градови во Србија изминатиvе два дена се регистрирани гужви на возила кои чекаат ред за да наполнат гориво во своите возила
На една од пумпите во центарот на Нови Сад биле регистрирни повеќе од возила чии сопственици нервозно чекаат да дојдат на ред и да наточат гориво.
Српските медиуми цитирајќи ги вработените од бензиските пумпи наведуваат дека гужвите започнале во средата навечер, а најмногу тие што чекаат се корисници на службени картички.
Некои клиенти кои ги интервјуирааа српските медиуми велат дека решиле да дојдат кога на социјалните мрежи почнале да се шират фотографии од гужвите на бензинските пумпи.
Исплашени од кризата во Украина, луѓето на големо купуваа намирници. Според еден соговорник од градот Чачак кој го пренесуваат српските медиуми вечерва имало недостиг на брашно во ланецот за снабдување Лидл.
Гужви има и на бензинските пумпи каде луѓето на големо купуваат гориво. Градот е исто така многу гужва, возила има на сите страни, што е невообичаено во четврток навечер, пишува порталот.Нова РС
Претходно на Твитер беше објавено видео на кое се гледа колона возила кои чекаат пред една бензинската пумпа во Нови Сад.
Ogroman red na NIS-ovoj pumpi u Novom Sadu https://t.co/StG8xFShqR pic.twitter.com/pL9fJ6OwTH
— TV N1 Beograd (@N1infoBG) March 3, 2022