(ВИДЕО) Хамас киднапирал и српски граѓанин! Мајката се огласи: „Го киднапирале и го однесоа во Појасот Газа“
Алон Охел, 22-годишен млад човек со српско потекло, е киднапиран во терористичкиот напад на Хамас на северот на Израел, а неговата мајка Идит Охел, чие семејство е по потекло од Нови Сад, изјави дека нејзиниот син е киднапиран по учество на музички фестивал.
„Тој е музичар и отиде на мировен музички фестивал, каде што имаше околу 2.500 луѓе. Околу шест часот наутро следеше масовен ракетен напад во областа каде што се одржуваше фестивалот. Тој и неговите пријатели се возеле до засолниште каде се сокриле од ракетитр“, го раскажува таа тоа што го слушнала од пријателот на нејзиниот син.
Алом бил во засолништето со 27 луѓе на слична возраст, кои се обиделе да побегнат од ракетниот напад. Во еден момент во засолништето дошле терористи на Хамас и се обиделе да ги убијат сите. Во засолништето фрлиле седум гранати.
„Мојот син и еден од неговите пријатели се обиделе со голи раце да ги фатат гранатите и да ги исфрлат од засолништето за да спасат луѓе. Едната експлодирала и повреди многу луѓе. По детонацијата, терористите влегле и го одвеле мојот син.Тој бил жив и киднапиран заедно со уште три лица. Ги качиле во камион и се оддалечиле. Сето тоа видел неговиот најдобар пријател.Тој бил повреден и се преправал дека е мртов со својата девојка, додека терористите пукале во останатите во засолништето. Откако беше донесен во болница, ни кажа дека Алон бил киднапиран и однесен во Појасот Газа“, објасни таа.






