ВИДЕО: Хамас објави снимка од израелски заложник киднапиран од кибуц

Вооруженото крило на терористичката организација Хамас објави видео од израелско-унгарскиот заложник во Газа, Омри Миран, кој беше киднапиран за време на крвавиот напад на палестинската исламистичка организација врз Израел на 7 октомври 2023 година.

Во ова видео, кое трае помалку од 3 минути, заложникот, кој зборува хебрејски, бара од израелската влада да дејствува за неговото ослободување.

Француската новинска агенција не може да го одреди датумот на снимањето на видеото.

Омри Миран се појавува во видеото како го прославува, како што вели, 48-от роденден, на 11 април, со палење свеќа. Израелските медиуми го потврдија неговиот идентитет.

На почетокот на видеото, тој се гледа како оди низ тунел, а потоа се појавува како седи на душек во затворен простор, упатувајќи порака до демонстрантите во Израел, кои протестираат против владата и бараат ослободување на заложниците.

Back to top button
Close