(ВИДЕО) Херојски го фатија малото девојче кое падна од тераса


На платформата ItemFix е објавено драматично видео снимено на 22 мај годинава, најверојатно во Кина.

Го прикажува моментот кога граѓаните спасуваат дете кое падна од висококатница, иако деталите за инцидентот остануваат непознати.

Еден од корисниците тврди дека мајката отишла да го земе другото дете на училиште, додека ќерката останала дома и си играла на мобилниот телефон.

Таа наводно излегла на терасата од станот на вториот кат, но не е јасно како паднала.

Случајните минувачи го виделе девојчето на балконот и брзо реагирале сфаќајќи што ќе се случи.

Ја фатиле на голема фолија и на тој начин ја спречиле трагедијата.

 

Back to top button
Close