(ВИДЕО) Илиевски: Вистината за Кочани: Се крие ли пријава, дали Мицкоски го штити изворот на пиротехниката
Прес-конференција, Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ
СДСМ продолжува да ја објавува вистината за Кочани.
Зошто во ниту еден момент ниту обвинителот Коцевски, ниту министерот за внатрешни Тошковски, ниту премиерот Мицкоски не се осудија да го коментираат потеклото на пиротехниката која го предизвика пожарот во дискотеката Пулс кој зема 62 млади животи, а повредени беа 200 млади луѓе?
Зошто истрагата досега не доведе до сознание кој ја внел пиротехниката во клубот?
Зошто МВР на Тошковски досега не испита кој нелегално во Македонија шверцува пиротехнички средства и како пиротехнички средства завршиле во дискотеката Пулс кобната вечер?
Дали доколку се дознае потеклото на пиротехниката истрагата ќе дојде до најблискиот периметар на луѓе околу премиерот?
СДСМ прашува дали постои пријава во обвинителството дека потеклото на пиротехниката во дискотеката Пулс е од фирма блиска на најтесното опкружување на Мицкоски?
Зошто досега обвинителството не постапило по оваа пријава?
Дали Обвинителството воопшто ја внело во евиденција ваквата пријава?
Имено сопственик и одговорно лиценца на фирмата е лице од блиското опкружување на Мицкоски од Струмица.
Дали оваа компанија била задолжена за организација на партиските митинзи на ВМРО-ДПМНЕ?
Дали ова е причината поради која Христијан Мицкоски ја попречува истрагата на обвинителството и не дозволува истата да го има правилниот тек?
Дали впрочем Мицкоски цело време го штити еден од своите најблиски соработници, а со тоа се штити и самиот себе?
СДСМ нема да дозволи одговорните за пожарот во Пулс во кој животот го загубија 62 млади лица, а 200 беа повредени да останат неказнети!
СДСМ нема да дозволи Мицкоски да ја попречува истрагата и да застане на патот на правдата! СДСМ и натаму ќе продолжи да ја објавува „Вистината за Кочани”!