(ВИДЕО) Инцидент на протестите во Белград, возач помина „низ“ неколку студенти
За време на оддавањето почит на жртвите во Нови Сад пред Земјоделскиот факултет во Земун, се случи инцидент кога возач на приватен автомобил влезе во групата граѓани кои им оддава почит на жртвите од падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад.
Откако граѓаните одбиле да се шоместат, возачот на автомобилот згазнал на педалот за гас и „понел“ неколку учесници во блокадата на хаубата од својот автомобил. Граѓаните гласно протестираа и удраа во автомобилот кој со голема брзина се оддалечи местото.
„Денешните блокади се протест против нееднаквоста и правдата која отсутствува“, изјави еден од студентските организатори. „Нашата борба продолжува, се додека не се постигне одговорност.“
Полицијата и властите во Белград продолжуваат со истрагата во врска со инцидентот, а јавноста останува со прашање кога ќе биде одговорено за трагичните настани во Нови Сад и дали ќе се преземат конкретни мерки за безбедноста на железничкиот транспорт.






