(ВИДЕО) Инцидент во Шабац: Возач проби блокада и момче заврши на хауба пред очите на сведоци!

Синоќа во српскиот град Шабац се случи сериозен инцидент кога возач со автомобил насилно ја проби блокадата кај локалната гимназија, носејќи момче на хаубата додека десетици луѓе гледале. Настанот предизвика шок и бурни реакции во јавноста, а видеоснимка од случката веднаш се прошири на социјалните мрежи.

 

Според информациите објавени на официјалната страница „Шабачке вести“ на Фејсбук, возачот со намера влегол во блокадата токму во моментот кога момчето се обидувало да го сопре. Тоа завршило на хаубата додека возилото продолжило да се движи, сериозно загрозувајќи го неговиот живот.

„Возачот на автомобилот го носеше човекот на хауба, директно му го загрозуваше животот пред очите на бројни сведоци,“ стои во објавата на страницата.

Како што наведуваат српските медиуми, возачот веднаш бил приведен, а момчето е префрлено во болница. Засега не се објавени официјални информации за степенот на неговите повреди

Back to top button
Close