(Видео) Инцидент во Тетово: Демонстрантите се судрија со полицијата
Граѓаните кои попладнево мирно протестираа во Тетово, како поддршка за починатите кои загинаа при пожарот во модуларната болница во Тетово, влегоа во конфликт со полицијата, пренесува ТВ 24.
Тие се упатиле кон седиштето на ДУИ во Мала Речица, но таму им е забранет пристапот. Групата граѓани почнала да фрла со јајца и со камења кон општинската зграда и притоа дојде до судир и со припадниците на МВР.