(ВИДЕО) Инспектори и полиција пред „Интермецо“. Вечерва пее Тони Цетински

Полиција и инспектори од Државниот пазарен инспекторат пристигнаа во кафе барот „Интермецо“ во Скопје каде за вечерва е закажан концертот на хрватската поп ѕвезда Тони Цетински, дознава Телма.

-не можам да гарантирам за здравјето на гостите, но граантирам дека здравствените протоколи се почитуваат, вели менаџерот на „Интермецо“ Константин Влахо.

Еве дел од вечерашната атмосфера пред кафе барот „Интермецо“ во скопската населба Капиштец.

Владата на вечерашната седница ги прифати предложените мерки на Комисијата за заразни болести, кои предвидуваат забрана за гостување на пејачи и ди-џеи во сите угостителски објекти, ограничување на јачината на музиката до 55 децибели и намалување на бројот на лица кои може да седат на една маса во угостителски објект од сегашните 12 на четири, потврди министерот за здравство Венко Филипче.

Back to top button
Close