(Видео) Италија под вода: свлечишта рушат згради, жители на покриви чекаат спасување
Обилните врнежи што ја зафатија североисточна Италија за само една ноќ предизвикаа хаос, поплави и серија свлечишта, поради што локалните власти прогласија вонредна состојба во повеќе населени места во регионот Фриули-Венеција Џулија.

Во местото Брачан, во општина Крмин, огромна маса кал и земја се одделила од падината и целосно урнала трикатна станбена зграда. Спасувачките екипи од раните утрински часови се обидуваат да ги пронајдат исчезнатите жители – едно лице е извлечено живо, со тешка повреда на ногата, а уште двајца сè уште се водат како исчезнати.
❗ Il torrente Messa ad Almese (TO) intorno alle ore 9. Esondazione in alcuni punti. Video di Andrea per Centro Meteo Piemonte CMP. pic.twitter.com/yvvXtBDb7F
— Italia 24H Live 🔴 – Notizie dall'Italia (@Italia24HLive) April 17, 2025
Поради опасност од нови активирања на теренот, неколку семејства од околните улици се итно евакуирани. „Наврнаа огромни количини дожд во исклучително кратко време, ситуацијата е крајно сериозна“, изјави градоначалникот Роберто Фелкаро
За шест часа во Крмин наврнале дури 152 милиметри дожд, што предизвика брзо излевање на реките и ширење на поплавниот бран. Реката Идрија истекла од коритото, а Тер го поплавил селото Верса, каде што водата достигнала критично ниво.
Во Верса сцените се најдраматични: дел од жителите морале да побараат засолниште на покривите од сопствените куќи, додека чекале спасувачки тимови. Пожарникарите се пробиваат со мали чамци, а хеликоптери се обидуваат да стигнат до отсечените семејства.
На терен се испратени засилени екипи и од регионот Венеција. Од воздух може да се види големината на катастрофата – уништени патишта, срушени мостови, затворени сообраќајници и неколку населени места кои практично се отсечени од остатокот на регионот.
Спасувачките операции продолжуваат под многу тешки услови, а властите предупредуваат дека ризикот од нови поплави и свлечишта останува висок.






