ВИДЕО: Изгоре легендарниот штипски ресторан – Правеа една од најдобрите пастрмајлии
Голем пожар избувна синоќа во култниот штипски ресторан „Мал одмор”.
Голем пожар избувна синоќа во култниот штипски ресторан „Мал одмор”.

Со пламените јазици се справувале сите капацитети на Територијалната противпожарна единица Штип, со три возила и дванаесет пожарникари, кои заедно со навивачката група „Ултра Банда“ учествуваа во гасењето на огнот, пренесе ТВ Стар.
Пожарникарите и локалните навивачи успеале да го стават огнот под контрола и да биде спречено негово понатамошно ширење.
Како што пренесе ТВ „Стар“, причина за пожарот била струјна инсталација.