(Видео) Израел ја бомбардира куќата на водачот на Хамас

Израелската војска ја бомбардира куќата на водачот на Хамас во Газа, објави „Ројтерс“. Најмалку тројца Палестинци загинаа во израелските воздушни напади врз енклавата, соопштија тамошните здравствени власти, а голем број жители се повредени.

Премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе продолжат жестоко да одговараат на ракетните напади од Газа.

„Нападите ќе продолжат сè додека биде неопходно. Правиме сè што е во нашата моќ за да ги ограничиме цивилните жртви. Ние не сме тие кои се одговорни за оваа конфронтација, туку оние кои нè напаѓаат“, изјави Нетанјаху.

Од почетокот на борбите во понеделникот загинаа 153 луѓе во Газа, од кои 42 деца, додека Израел потврди десет мртви.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера телефонски разговарал со Нетанјаху и со претседателот на Палестина, Махмуд Абас, за да ја изрази својата загриженост за ситуацијата, а денеска на оваа тема ќе заседава Советот за безбедност на Обединети нации.

 

 

Back to top button
Close