ВИДЕО: Кампања на „Барби“: Како општеството создава јаз во соништата помеѓу девојчињата и момчињата

Девојчињата веруваат дека можат да бидат сè што ќе посакаат, но дали светот верува?

Проектот на „Барби“, Јазот во соништата (Barbie Dream Gap) е глобална мисија посветена на затворање на јазот со предизвикување на родовите стереотипи и развивање на свеста за отстранување на предрасудите што ги спречуваат девојчињата да го достигнат својот целосен потенцијал.

Јазот во соништата е просторот помеѓу бујната имагинативна амбиција на младите девојчиња и нивниот целосен потенцијал – попречен не затоа што не се способни, туку поради предрасудите кои им ги наметнува општеството во кое растат.

Свесните и несвесните предрасуди и стеретотипи уште од мали нозе ги минимизираат нивните соништа.

Иако проектот е од 2019 година, јазот во соништата за младите девојки сè уште постои, но предизвиците не лежат во девојчињата кои немаат самодоверба или желба – јазот често се појавува поради светот околу нив.

И покрај тоа што е постигнат напредок кон родовата еднаквост, стереотипите и општествените предрасуди сè уште можат да влијаат на патот на девојчињата и на идните избори.

Ајде да зборуваме за јазот во соништата.

Што е тоа?

Тоа е јазот што се создава помеѓу девојчињата и нивниот целосен потенцијал. Уште од петгодишна возраст девојчињата престануваат да веруваат дека можат да бидат претседатели, научници, астронаути, големи мислители, инженери, директори. И листата продолжува, но зошто?

Бидејќи во што друго би верувале, кога до 7 годишна возраст поверојатно е да мислиме дека момчињата се попаметни од нас. Тоа е смешно.

Кога три пати помалку е веројатно дека ќе добиеме играчка поврзана со наука. Тоа е тажно.

И кога  e двијно поверојатно дека нашите родители ќе гуглаат „Дали мојот син е надарен?“, отколку „Дали мојата ќерка е надарена?“. Тоа не е кул.

Потребно е да гледаме неверојатни жени, како стануваат неверојатни и да гледаме како стигнале таму каде што се. Да се замислуваме себе како го правиме тоа што тие го прават.

Но не можеме да го правиме тоа сами.

Мајки, татковци, браќа и директори, потребни сте ни сите вие да помогнете. Мораме да го затвориме јазот на соништата. Тоа зависи од сите нас.

 

Марта Стевковска

 

 

Back to top button
Close