ВИДЕО: Кои се сличностите помеѓу Рамазан и Великиот пост

Верскиот пост е духовна практика која ги обединува христијаните, муслиманите и други вери ширум светот. Постот вклучува саморефлексија, емпатија и барање подлабока врска со Бога. Какви сличности има помеѓу периодот на пост во христијанството и постот во текот на Рамазан?

Кои се сличностите помеѓу Рамазан и Великиот пост? За да го разбереме ова прашање, треба да погледнеме што претставуваат тие.

Муслиманите ширум светот го одбележуваат Рамазан како период на пост, молитва и размислување, секој ден од утро до мрак. По еден месец тој се заокружува со празнување на Рамазан Бајрам.

Великиот пост кај христијаните е период кој исто така се состои од постење, но и фокусирање на помирувањето. Тој кулминира со празнувањето на Велигден.

Должината на постот варира меѓу различните христијански конфесии, но во многу од нив трае 40 дена.

Двете религиозни практики имаат неколку сличности.

Изцор: Дв

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close