(ВИДЕО) Косово ќе ја пренамени луксузната вила на Радојчиќ во полициска станица
На прес-конференција, Свечла изјави дека вилата била изградена на земјиште во сопственост на Агенцијата за шумарство на Косово и дека побарал од министерот за земјоделство таа да биде пренаменета во полициска станица.
„Сакаме да биде користена од полицијата како станица за единицата со чамци“,
изјави косовскиот шеф на полицијата.
Милан Радојчиќ неодамна презеде целосна одговорност за настаните во селото Бањска на северот на Косово, кога на 24.септември, беше убиен косовски полицаец, по што следуваше акција на специјалните единици на косовската полиција против вооружена група која се обиде да се засолни во манастирот Бањска. Во акцијата загинаа тројца Срби од северот на Косово.
„Ја информирам јавноста дека заедно со моите сонародници дојдов на северот на Косово и Метохија во Бањска на 24 септември“,
изјави Радојчиќ додавајќи дека причината за враќањето на Косово била „да се охрабри народот во отпорот кон режимот на Албин Курти“.
По овој настан следеа низа реакции од САД, ЕУ и Русија, како и лидерите од Балканот.