(ВИДЕО) Кузеска: Јанушев е дел од системот на Мицкоски во кој и возачи земаат мито
Возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е фатен со обележани евра. Барал мито- поткуп за да „среди“ вработување како пожарникар во Противпожарната бригада на Град Скопје. Сега Јанушев сега оградува. Како што се оградува Томовски дека татко му не му е татко. Само оградувања а рацете во медот на сите страни, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Богданка Кузеска, портпаролка и член на Извршниот одбор на СДСМ.
Таа вели „оваа организирана криминална група нема граници. Пипалата на овој октопод почнуваат од возачите, преку директорите на претпријатија, министрите, па сè до претседателот на Владата. Да беа полицијата и обвинителството слободни и да работеа по закон, цела Влада ќе беше уапсена. Вака дел од полицијата ја врши својата работа, но исто како и за бодигардот на Мицкоски, на крај сите ќе бидат ослободени со еден повик по телефон“.
„Овој скандал отвора едно клучно прашање: каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито? Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник? Возач нема никаква моќ да вработува. Но генерален секретар на Влада, како Игор Јанушев, кој воедно е член и на Извршниот комитет на ВМРО ОКГ има. Ова е втор скандал оваа година поврзан со кабинетот на Јанушев. Посебен советник за економски прашања во кабинетот на Генералниот секретар на Владата беше дел од групата осомничени за лихварство и за перење пари. Премногу скандали се врзани со Јанушев“ вели Кузеска.
На прес-конференцијата објави дека „според документи од Бугарија, Јанушев, е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил, Бугарија. Дејност: патен линиски превоз на стока. Управител Кире Гешоски, трет партнер Сашо Апостоловски – сите од кругот на Мицкоски. Фирмата пријавува годишен промет од околу 320.000 евра. Ама никаде не ја пријавил. Јанушев има бугарски пасош, бугарско државјанство, а во ниту еден анкетен лист до ДКСК не го пријавил бугарскиот капитал“.
„Скандалот со подарениот имот вреден 325.000 евра во најстрогиот центар на Скопје. Во истата зграда имот има и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како се поврзани подарокот на Јанушев и имотот на Тошковски? Каков заеднички бизнис кријат? Огромен е и скандалот со милионските договори на „Маратон груп“ тежок 1,5 милиони евра и мрежата на фирми кои ги објави АКТ на СДСМ. Скандал со скандал. Сите поврзани со Јанушев. На Јанушев ниту портпаролката повеќе не може да му помогне да се испере. Ова е систем. Јанушев е дел од системот на Мицкоски. Ова е Организирана криминална група која ја зароби државата“ рече Кузеска






