(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот идентитет и го отвора патот кон

Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО

Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет и го отвора патот кон ЕУ

Христијан Мицкоски и ВМРО-OKГ продолжуваат да лажат дека вметнувањето на малцинствата во Уставот го загрозувало македонскиот идентитет.

Ова е чиста манипулација.

Вистината е спротивна:

Вклучувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет, а не го слабее.

Кога сите граѓани, без разлика на етничка припадност, се дефинирани и заштитени со највисокиот правен акт на државата, тоа ја зголемува кохезијата на општеството и ја зацврстува македонската државност.

На пример нашите сограѓани Србите, кои се значително повеќе во Македонија од Бугарите и Хрватите, според последниот попис, исто така не претставуваат никаков проблем за идентитетот.

Зошто ВМРО-ОКГ не се плаши од нив, а се плаши од Бугарите, на кои според пописот се само 3.504?

Одговорот е јасен: не се во прашање малцинствата, туку намерната блокада на ЕУ интеграциите.

Ако се внесат Бугарите, Хрватите или други малцинства во Уставот, како тоа го слабее македонскиот идентитет?

Напротив – го зајакнува.

Зашто сите тие граѓани се македонски државјани, а малцинскиот статус е само дополнителна заштита на нивните колективни права.

Македонскиот народ останува конститутивен и доминантен народ во својата држава.

Отворањето на вратата кон Европската Унија истовремено значи отворање на вратата за Европското јавно обвинителство. А токму тоа Мицкоски и неговата криминална група најмногу го стравуваат.

Нема повеќе наместени тендери, а следи и одговорност пред институциите на правдата.

Затоа и ја блокираат уставната измена.

Сè останато – „загрозен идентитет”, „бугарска опасност” и слично – е чиста лага и изговор за да ја заштитат својата криминална мрежа, неказнивоста и можноста за продолжен грабеж на државата.

Мицкоски не се бори за македонскиот идентитет. Тој се бори за својата безбедност и безбедноста на својата криминална група.

 

СДСМ јасно порачува:

Силен македонски идентитет во силна европска Македонија!

Правда, а не заштита на криминалците.

Европска Македонија или криминална изолација – изборот е јасен.

 

Back to top button
Close