(Видео) Локализиран големиот шумски пожар над Отовица
Во 19.40 часот е локализиран големиот шумски пожар над село Отовица во близина на велешко езеро, но не е целосно ликвидиран поради што екипи на Територијалната противпожарна единица од Велес се уште се на терен за негова целосна ликвидација, информираа за МИА од Територијалната противпожарна единица Велес.
Пожарот кој е на непристапен терен избувна попладнето во 14 часот и со него беше зафатена борова шума.
Освен пожарникари од ТППЕ Велес во негово гаснење се вклучија и вработени во ЈКП„Дервен“ и месното население од село Отовица, а откако градоначалникот Марко Колев побара помош од Дирекцијата за заштита и спасување интервенираа и два авиона на ДЗС, а во гаснењето се вклучи и еден хеликоптер на МВР.
На 31 јули на истиот терен кој е во близина на на автопатот Велес-Скопје исто така избувна пожар, но тогаш не беше зафатена толкава површина и беше изгаснат за пократко време беше изгаснат