Видео: Луѓе бегаат, бетонски конструкции паѓаат – снимен моментот на земјотресот на Тибет
На социјалните мрежи како Х, кружат видеа на кои се гледаат последиците од земјотресот, но и моментот кога го погоди населението.
Така, во едно видео, камера која снима фреквентен кружен тек го сними моментот кога луѓето сфаќаат колку е сериозен земјотресот и почнуваат панично да бегаат.
Исто така, на видеото се гледа како паѓа бетонската конструкција на средината на кружниот тек, а возачите во автомобилите се принудени да ја избегнуваат.
Земјотресот што го погоди светиот тибетски град Шигатце бил со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала на длабочина од 10 километри, соопшти Американскиот геолошки институт.
Кинеските државни медиуми објавија дека земјотресот бил нешто помал од 6,8 степени и дека оштетил повеќе од 1.000 куќи.
Кинеските воздухопловни сили испратија и дронови на помош. Температурите во погодената област, лоцирана во подножјето на Монт Еверест, се далеку под нулата. Регионот моментално нема ниту струја ниту вода.
Кинескиот претседател Си Џинпинг повика на дополнително интензивирање на спасувачките операции со цел колку што е можно да се намали бројот на жртвите, јавува Би-Би-Си.
Потресите беа почувствувани и во соседен Непал и делови од Индија.
#Tibet Özerk Cumhuriyetinde 6.8 şiddetinde #deprem meydana geldiği bildirildi. pic.twitter.com/4smynMsK5i
— Muslim Port (@muslimportcom) January 7, 2025