(ВИДЕО) “Мајка ми ја одведоа со мотори и ја тепаа со палки”  – прва изјава на жената која синоќа беше ослободена од Хамас

Јошевед Лифшиц (85), која е една од дветр заложнички ослободени од заробеништво на Хамас минатата ноќ, вели дека поминала низ пеколот, опишувајќи како била киднапирана од вооружени лица на Хамас, на мотори.

Лифшиц вели дека била возена во Газа преку портата и дека возењето ја оставило со модринки. Таа исто така вели дека имала проблеми со дишењето.

Таа додава дека израелската влада потрошила милијарди на граничната ограда – но не направила ништо за да го спречи Хамас да премине од другата страна.

– Мајка ми ја одведоа со мотори и ја тепаа со палки – рече нејзината ќерка, опишувајќи ја „огромната мрежа“ од подземни тунели со кои управува Хамас, а која ја споредува со „пајакова мрежа“.

Ќерката додала дека часовникот и накитот на мајка и биле извадени додека ја возеле.

– Кога се симна од моторот, луѓето кои ја пречекаа и рекоа дека `веруваат во Куранот` и затоа нема да ја повредат – рекла ќерката.

Нејзината мајка и уште 24 луѓе биле однесени во тунелите, кои таа ги опиша како „мека, влажна земја“.

Back to top button
Close