ВИДЕО: Македонски автобус спасен од трагедија во Србија

Автобус со македонски таблички полн со патници бил запрен непосредно пред да падне мостот кој ги поврзува чачанските села Мрчајевце и Слатина.

-Не се знае што ги навело возачите до тој пат, можеби следеле неажурирани навигациски карти, но доколку автобусот се појавел на и онака небезбедниот мост во моментот кога неговите столбови биле силно еродиран од поројот – тоа би било огромна трагедија пишуваат српските медиуми

Во централниот дел на Србија поради обилните дождови прогласена е вонредна состојба во педестина градови и општини. Во поплавите најмногу настрадаа станбените објекти, но и патиштата, јавните установи, болници, ни и земјоделските површини. Надлежните велат дека синоќешната евакуација била успешна, но го предупредуваат населението да биде претпазливо не се движи по насипите на надојдените реки, бидејќи веке имало случаи на лица мегу кои и едно дете, кои паднале во вода а потоа биле спасени.

Од српското МВР апелираат до граѓаните да ги одложат патувањата додека не се стабилизира ситуацијата.

Back to top button
Close