(ВИДЕО) Манасиевски: Се крие договор под маса меѓу Апасиев, извршителот и банката за купување на деловниот простор во строгиот Центар на Скопје за 721 евра м²
Тој вели дека „Дополнително, овој имот Левица го купува преку извршител, што значи истиот е одземен од некој граѓанин или од фирма. Се поставува логичното прашање, како извршителот не можел да постигне цена на објект во строг центар на Скопје? Анимирал ли доволно потенцијални купувачи или целиот процес го водел многу тивко?“
„Дали се крие договор под маса помеѓу извршителот – Апасиев и доверителот? Доверителот во овој случај е УНИ банка, со бугарски капитал. Се поставува прашањето како банката дозволила и не анимирала свои клиенти за наддавањето? Особено кога се зема во предвид дека во банките се даваат кредити за слични објекти и станови на граѓани во градба кога м² се проценува и над 2000 евра? Која е економската логика на банката тука?“ прашува Манасиевски