Видео: Марин Ле Пен погодена со јајце во лице

За време на денешната посета на местото Сен Аман-ле-О во северна Франција, француската политичарка и десничарската популистка Марин Ле Пен била погодена со јајце во лицето. Како што објавија француските медиуми, кон неа биле упатени и вулгарни пцовки од страна на симпатизерите на нејзините политички противници.

Како што може да се види на снимката која е објавена на социјалната мрежа Твитер, Ле Пен била удрена со јајце во лицето, по што ја наведнала главата и го покрила лицето со косата.
Од нејзината партија Национален собир изјавија дека овој гест е „маргинален“.

Back to top button
Close