(Видео) Мицкоски им најави на ДУИ: Ова е изолирана група на ексфункционери чиј криминал ќе се обелоденува, им ги знаеме чекорите


Премиерот Христијан Мицкоски, тврди дека се прави хајка со етнички прашања од страна на ДУИ. Според него, изолирана група од оваа партија е засегната од сторен криминал, а најави дека за бргу ќе се дознае се. Посочи и: „Точно знаеме со кои групи комуницираат и како, како ние, така и нашите стратешки партнери. Немојте да мислите дека сме сами, ќе се одбраниме и поразиме“.

„Разговараме со ВРЕДИ оваа е тековна постапка пред Уставниот суд. Имаме ситуација во која што ниту ние ниту било кој треба да интервенира во Уставниот суд. Принципот ‘како до сега’ беше поразен на 8 мај. Но се уште покажува знаци за живот и гледаме дека единствената тема со која ДУИ се присутни во јавност е да направат поделба по етничка основа, ги третираат етничките прашања – бидејќи на друг начин не можат да имаат поддржувачи. Оваа тема за нив можеби носи некаков резултат“, рече Мицкоски.

.

 

 

Back to top button
Close