(ВИДЕО) Мицкоски: На ЦК му предложив вонреден конгрес и си излегов, но тие сакаа јас да останам

Централниот комитет едногласно го одби мојот предлог за свикување на вонреден конгрес на кој што нема да се кандидирам и со тоа ми даде полн легитимитет да продолжам да раководам со ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев се повлече од местото Генерален секретар на партијата, а Вело Марковски нов член на Извршниот комитет, изјави вечерава лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Изјава по состанок со Централниот Одбор, 21.09.2020

Изјава по состанок со Централниот Комитет, 21.09.2020

Hristijan Mickoski 发布于 2020年9月21日周一

 

Посочи дека на вечерашната седница на Централниот комитет имале отворена дискусија за неговото речиси тригодишно управување со партијата.

– Јас на сопствено барање поднесов предлог за свикување на вонреден конгрес на кој што нема да се кандидирам. Централниот комитет, откако ја напуштив салата, го одби едногласно моето барање и не се согласи со ваквиот предлог. Со тоа ми даде полн легитимитет да продолжам да раководам со ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицкоски.

Предложив, посочи тој, нов состав на Извршниот комитетет, кој го сочинуваат потпретседателите Александар Николовски и Владимир Мисајловски, поранешниот пратеник Иван Иванов, како и членовите кои по функција се дел – претседателот на Унија на млади сили Сергеј Попов и координаторот на пратеничката група Никола Мицевски.

– Останатите членови на ИК се Гордана Димитриевска Кочовска, која беше заменик технички министер во Министерството за финансии. Рашела Мизрахи, која едно време беше технички Министер за труд и социјала. Стефан Андоновски, кој досега беше советник во мојот кабинет. Марија Андоновска, докторант на стоматолошкиот факултет. Олга Лозановска, доктор и пратеник во Собранието. Понатаму Дафина Стојановска, која и досега беше член, Вело Марковски, Трајко Славевски, Владимир Ѓорчев, Драган Ковачки, Коце Трајановски, Кирил Пецаков и Антонио Милошоски, изјави Мицкоски.

Поради лични причини, нагласи тој, се повлече досегашниот генерален секретар на партијата Игор Јанушев.

– Во наредниот период ИК ќе биде проширен и со нови членови, нов генерален секретар, нов претседател на Унија на жени и нов претседател на Унија на ветерани. ВМРО-ДПМНЕ е столбот на државноста на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ има една единствена цел, а тоа е победа на мафијата, неправдите и злото наречено власт на Зоран Заев, изјави Мицкоски.

Нагласи дека проблемот не е Христијан, туку ВМРО-ДПМНЕ, кое е дел од македонскиот идентитет и целта е тој да биде урнисан, за многу полесно да се урне и куќата.

Најави дека ќе продолжат протестите и во наредниот период, за кои, рече дека се елементарно право.

– За се што не се согласуваме ние имаме право да протестираме и ќе продолжиме да протестираме. Се додека овие самобендисани мафијаши во владата мислат дека се знаат ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните ќе продолжи да протестира, изјави Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close