(Видео)За Мицкоски одвојувањето на Албанија и Македонија е испраќање лоша порака кон македонските граѓани и било неприфатлив диктат!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска ја коментираше неофицијално потврдената информација дека Албанија ќе ги започне преговорите со ЕУ на 15-ти октомври и отворање на првиот кластер, додека Македонија и понатаму ќе биде условена со Преговарачката рамка, односно внесувањето на Бугарите во Уставот. Според премиерот, тоа веројатно ќе се случи и уште кога беше во посета на Брисел, било соопштено и кажано.

-Се испраќа лоша порака кон македонските граѓани затоа што како држава имаме поминато многу откако го почнавме патот кон полноправно членство во ЕУ. Многу работи кои никој не ги направил, а ние ги направивме, а немаат никаква врска со Копехашките критериуми. Ние сме единствен случај во кој билатерлани договори се услови во Преговарачка рамка. Жалам што претходната Влада егзибиционистички прифаќаше се и мавташе со европско знаме, а го ограбуваше народот. Гледаме дека состојбата е таква каква што е. Го делам впечатокот со огромно мнозинсто македонски граѓани дека не треба повеќе врз основа на национални отстапки, без гаранции, да прифаќаме услови. За мене ова е диктат. Ако ова е условот за Македонија, тогаш не благодарам. Тоа не се европски вредности, рече Мицкоски при посетата на Фондот за здравствено осигурување.

 

За Мицкоски, очигледно е дека немаме решение за уставните измени.

-Ова го имам дискутирани и со австрискиот министер (за надворешни работи) Шаленберг. Доста е веќе двојни стандарди врз грбот на оваа мала држава. Само се изживуваат со нас. Сакаме да преговараме. Што е толку тешко да с еприфати нашиот предлог и овие уставни измени да бидат ефективни кога бугарскиот Парламент ќе го ратификува пристапниот протокол за нас во ЕУ. Очигледно дека некој нема чесни намери, истакна премиерот.

 

Back to top button
Close