(Видео) Мицковски за Трубарево: Нема вонредно големо загадување во периметар од 100 метра околу пожарот. Не напаѓаат центри од дома и од надвор
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека сите лица кои се наоѓаат во близина на пожарот треба да ги следат препораките на надлежните институции и да бидат евакуирани.
„Сите кои се на периметар од 100 метри треба да се евакуираат. Иако мерењата покажуваат дека нема вонредно големо загадување – ако вчера беше помеѓу 8 и 9, денеска е меѓу 5 и 6,“ рече Мицкоски.
Тој додаде дека вакви пожари ќе продолжат да се случуваат бидејќи, како што нагласи, постојат центри на моќ во земјава и надвор од неа кои не сакаат Владата да успее.
„Тие ќе продолжат да подметнуваат, тие ќе продолжат да лешинарат, а ние ќе работиме и ќе победиме,“ изјави премиерот, додавајќи дека имаат информации од каде доаѓаат потпалувањата – и од домашни и од странски извори.
Во врска со лиценците за работењето на депониите, Мицкоски потсети дека актуелната важи од 2021 до 2031 година и дека компаниите декларирале дека ги исполнуваат условите. „Ако мене ме прашувате, тоа не се услови под кои треба да работат. Сите хибридни напади ќе ги таргетираат овие слаби страни,“ додаде тој.
Мицкоски истакна и дека доколку државата имала функционални беспилотни летала, вакви ситуации ќе можеле да се спречат..
За министерот за животна средина Изет Меџити кој вчера го немаше ни во јавност ни во Трубарево на местото на катастрофалниот пожар бидејки бил зафатен со митингување во трката да стане градоначалник на Чаир премиерот Мицковски се стави во одбрана на Меџити од новинарите.
Јас вчера бев цело време на телефонска линија со Меџити и нема потреба од правење тензија околу тоа, им одговори премиерот на новинарите на прашаето да го коментира непојавувањето на Меџити за пожарот во текот на вчерашниот ден а митингувал во Чаир за престојните локални избори.