(ВИДЕО) Млада гостиварка живее под постојани закани и насилство од поранешниот партнер-полицаец. Институциите се неспособни да ја заштитат

27-годишната Елена Јовицоска од Гостивар со години е предмет на насилство и закани од поранешниот партнер кој е полицаец со кого има заедничко дете, пишува Телма.

Ова е снимка од безбедносните камери каде Елена и  татко и доживуваат напад од поранешниот нејзин партнер, 30-годишен полицаец, неговиот татко-поранешен полицаец и од мајката и сопругата на напаѓачите.

Онаму каде што се дели правда, и нејзиниот татко и Елена биле претепани и повредени.

На крај полицаецот, партнерот со кој 5 години не живее во заедница, добива 4 месеци затвор, од кои три минал во притвор и домашен притвор, додека вториот напаѓач таткото кој е пензиониран полицаец добива условна казна.

Како што веќе кажа, против поранешниот вонбрачен партнер има 6 кривични дела, но се почнало пред 5 години кога Елена заедно со 6 месечното бебе го напуштала дотогаш заедничкиот дом со полицаецот Димовски.

Таткото со телефон снимил аудио од целиот настан, младиот полицаец ги следел Елена, нејзиниот брат и таткото до станот каде сакала да се засолни. Тогаш нејзиниот поранешен партнер пукал со пишто.

Куршумот не погодил никој, Снимката никогаш не е прифатена од суд како доказ во процесот кога полицаецот е обвинет за предизвикување на општа опасност со предвидени од 6 месеци до максимум 5 години затвор казна.

На крај добива во првостепена пресуда 5 месеци затвор, со што полицијата не смее да го отпушта, а апелациониот суд ја укинува и враќа на повторно судење. Образложението е дека обвинетиот како полицаец знаел да користи пиштол без да предизвика општа опасност, а не е утврдено во кој правец бил испукан куршумот.

„Прашање е дали во конкретниот настан, имајќи го во предвид учесникот-обвинетиот кој е полициски службеник, пиштолот претставува општо опасно средство. Ова затоа што општо опасно средство е она средство кое предизвикува опасност за неодреден круг на лица и имот и чие дејство и чие дејство не може да се контролира од лицето кое средството го употребува. Обвинетиот како полициски службеник знае како да ракува со пиштол и можел да го контролира неговото дејство“ – се вели во пресудата на апелациониот суд од Гостивар.

Обвинетиот дури ги пријавил Елена и нејзиниот татко за нелегално снимање, но обвинителството не покренало истрага.

На повтореното судење во април се случува инцидентот во судот, а Елена тврди дека постојано е под страв.

По инцидентот во судот,со налог на гостиварското обвинителство имала заштита неколку недели.

Сега Елена чека Апелација во родниот Гостивар да пресуди како што вели правилно за тоа што се случи во самиот суд.

Од МВР за Телма не одговориле за статусот на полицаецот кој е обвинет за повеќе постапки против Елена.

Адвокатката на обвинетиот ни рече дека не може да даде повеќе детали за случајот бидејќи е презафатена и пред одмор, но рече дека ќе го извести за нашето барање за информации.

Back to top button
Close