(Видео) Најчевска: Иванов беше фикус, Сиљановска е дифенбахија, функцијата станува опасна во рацете на некој кој очекуваме дека знае и умее

Професорката Мирјана Најчевска во ,,Претрес со Ландов” говореше зошто претседателката Гордана Сиљановска Давкова ја нарекла ,,дифенбахија”.
„Дифенбахијата е отровна и не се препорачува во домашни услови. Иванов беше фикус, дефинитивно беше некој којшто не можеше да нанесе толку штета затоа што го нема тој интелектуален капацитет. Гордана Сиљановска е интелигентна, има мозок и доколку некој кој има знаење и мозок и којшто има интелектуален капацитет да направи нешто на соодветна фукнција, не го прави тоа тогаш тој нанесува штета, исто како дифенбахијата. Таа го прочистува воздухот, но доколку се пипне или касне може да биде отровна. Во одеден момент функцијата претседател станува опасна во рацете на некој кој очекуваме дека знае, умее и има интелектуален капацитет”, рече Најчевска.
За себе вели дека е кактус.
Таа открива дека гласала за Сиљановска за претседателка.
„Ја знам одамна, беше многу паметна жена, со цврти, јасни, разумни ставови, но нешто се случи, во моментот кога беше избрана за претседателка одеднаш како да се претвори во својата спротивност. Јас едно време имав став дека луѓето кога ќе дојдат на власт како да им прават лоботомија, како да им вадат дел од мозокот, а потоа кога ќе излезат од власт повторно им го враќаат и стануваат нешто сосема поинаку“, вели Најчевска.
Најчевска вели дека и замерува на Сиљановска што не ја вратила суштината на институцијата претседател.
„Претседателот во македонскиот Устав и правна структура е замислен како некој вид на последна одбрана од незаконитоста. Јас заради тоа го критикував Пендаровски кој дозволи да поминат измените на Кривичниот законик и покрај тоа што мислам дека Пендаровски беше релативно добар претседател. Таа како правник е свесна дека е лошо за развојот на демократијата да не најде.
Видеото на следниот линк






