(ВИДЕО) На готово да лапате: Протест пред зградата на бугарската Влада, се бара слобода за Борисов

Пред зградата на бугарската Влада денеска се одржа мирен протест за одбрана на лидерот на најголемата опозициска партија во земјата-ГЕРБ, јави дописникот на МИА од Софија.

На приврзаниците на ГЕРБ им се придружија и пратениците од пратеничката група на оваа партија, кои побараа предвремени избори во Бугарија, оставка на владата, но главното барање им е итно ослободување на Бојко Борисов од притвор.

Локалните медиуми забележаа дека ова е прв протест на партијата откако е во опозиција. Сообраќајот во реонот на бугарската Влада беше блокиран, а имаше зголемено полициско обезбедување. Претпладне протестот се пресели пред зградата на МВР.

Back to top button
Close