(Видео) Најмалку четири луѓе загинаа, а 120 се повредени- тресеше од Атина до Истанбул, урнати згради во Измир

Најмалку четири луѓе загинаа, а 120 се повредени во земјотресот што денеска го погоди Измир, објави агенцијата ДПА.

Турција објави дека тој имал јачина од 6,6 степени според Рихтерова скала, а епицентарот бил во Егејско Море, 17 километри од брегот на провинцијата Измир, северно од грчкиот остров Самос. Светските агенции јавуваат дека тресењето се почувствувало и во Атина и Истанбул, како и на грчкиот остров Крит. Земјотресот предизвикал и мало цунами, кое поплави делови на Самос.

 

 

Градоначалникот на Измир Тунч Сојер кажа дека во земјотресот се урнати најмалку 20 згради и дека има заробени луѓе под урнатините.

Според Геолошкиот институт на САД, земјотресот имал јачина од седум степени според Рихтер.

 

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтер ги стресе грчките острови и дел од Турција во Егејското Море, пишуваат медиумите.

Земјотресот се случи на 17 километри во морето западно од турската покраина Измир. Според „Си-ен-ен Турк“, земјотресот се почувствувал сè до Истанбул.

Снимки и фотографии од урнати згради доаѓаат од Измир.Во тек е потрагата по исчезнатите во срушените згради. По земјотресот имало и неколку потреси, конкретно шест по големина од 3,9 до 4,8 степени според Рихтеровата скала.

Покрај урнатите згради, нивото на морето во крајбрежните градови се зголеми, така што улиците се поплавени.

Во моментов нема информации од Грција за можни штети.

Министерот за внатрешни работи Сојлу рече дека досега е пријавено рушење на шест големи згради во Измир. Гувернерот Измир Косгер изјави дека нема информации за смртни случаи.

 

Back to top button
Close