ВИДЕО: Над 10.000 натпреварувачи учествуваа на денешниот маратон во Прага

Кенискиот атлетичар Ноберт Киген победи на денешниот маратон во Прага во машка, додека Етиопјанката Белекеч Бореча триумфираше во женска конкуренција.

Киген низ целта мина за два часа, седум минути и 54 секунди, оставајќи ги зад себе етиопските маратонци, Келкиле Волдарегај и Јитајал Зерихун.

Бореча славеше на женскиот маратон со време на личен рекорд од два часа, 22 минути и 56 секунди.

Над 10.000 натпреварувачи учествуваа на денешниот маратон во Прага, кој во два наврати беше откажан поради пандемијата на коронавирус.

 

Back to top button
Close