Видео: Наумоски: „Чувствата“ на премиерот Мицкоски ги поклопија правото, Уставот и правната држава

 – „Чувствата“ на премиерот Христијан Мицкоски ги поклопија правото, Уставот и правната држава. Најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото ја разоткрива суровата вистина за Македонија под власта на ВМРО-ОКГ: нема реформи, корупцијата е широко распространета, а судството и обвинителството се изложени на политички притисоци – истакна на денешната прес-конференција членот на Извршниот одбор на СДСМ, Александар Наумоски

Брисел директно алармира дека изјавите на претставници на власта, вклучително и на премиерот, создаваат притисок врз независноста на правосудниот систем и ја загрозуваат поделбата на власта.

Клучните наоди се јасни:

Високи владини функционери водат јавни кампањи за дискредитација на судии и обвинители, со цел да ги замолчат и да ги претворат во партиски послушници.

Измените на Кривичниот законик повторно отвораат опасен простор за неказнивост и заштита на криминалот.

Корупцијата останува широко распространета, а сомнежите за проблематични тендери се множат.

Истовремено, буџетот за правосудството за 2025 година е намален за 4,3%, со што судовите се туркаат во уште поголема финансиска зависност.

Ова е европска дијагноза за заробеното правосудство под власта на ВМРО-ОКГ и потврда на сè што СДСМ го говори со месеци.

Нема реформи. Нема независно судство. Нема правда.

Има политички притисоци, контролирано правосудство и обид за заштита на криминалот и продолжување на неказнивоста.

Затоа ВМРО-ОКГ намерно го кочи пристапувањето кон Европската Унија. Европската интеграција значи посилни механизми за контрола, независни институции и вистинска борба против корупцијата.

Токму од тоа се плаши власта на Мицкоски – од систем во кој законите ќе важат за сите и во кој секој што сторил криминал ќе одговара.

Извештајот од Брисел е црвен картон за Мицкоски и неговата власт.

Со организирана криминална група нема правна држава – има партиска држава во која „чувствата“ на премиерот се поставени над Уставот и законите.

Back to top button
Close