(Видео) Навивачите на ЦСКА скандираат “Бугари, Бугари” кон играчите на Македонија ЃП-ќе има ли реакција

 

Иако македонско-бугарска пресметка пред една недела во Скопје помеѓу Македонија ЃП и ЦСКА мина без никакви провокации, денешното гостување на „лавовите“ во Софија донесе тешка провокација од приврзаниците на „армејците“ кон фудбалерите од Ѓорче Петров, пишува бугарски Д Спорт .

Во ек на затегнатите односи на Македонија и Бугарија и негирањето на македонскиот народ и македонскиот јазик од страна на источниот сосед, денеска на „Бугарска Армија“, приврзаниците на ЦСКА ги дочекаа фудбалерите на Македонија ЃП со скандирања – Бугари, Бугари.

Според информациите на „Д-Спорт“, фудбалерите на Македонија ЃП ги игнорирале повиците и воопшто не изреагирале на големите провокации од страна на приврзаниците на противникот.

Дали по ова треба итна реакција од македонските власти, од ФФМ кон УЕФА или ФИФА за говор на омраза и навреда?

Back to top button
Close