ВИДЕО: Не тргнаа на училиште ама правеа журки за 1 септември

Тоа што почетокот на учебната година е одложен и наместо на 1 септември ќе почне на 1 октомври (комбинирано, но повеќе онлајн, отколку во клупи) не беше причина средношколци вчера со журки да не го одбележат денот.

На социјалните мрежи се споделува видео направено во кафуле во трговскиот центар Бисер во скопската општина Аеродром каде се случувала журка на која, очигледно, не се почитувале протоколите.

1 СЕПТЕМВРИЕве кај ви се средношколциве, мизерија!!!

Нина Бојаџиска 发布于 2020年9月1日周二

Дополнето:

(ВИДЕО) Забава без протоколи во „Бисер“: Локалот нерегистриран, ќе има забрана за работа до 30 дена

Back to top button
Close