(ВИДЕО) Несреќа на аеродрмот во Њујорк, се судриле два авиони, едниот слетувал, другиот требало да полета
Авионска несреќа во Њујорк, синоќа на пистата на аеродромот Ла Гвардија се судриле два авиона, при што две лица биле повредени, соопштија аеродромските власти и авиокомпанијата Делта ерлајнс.
Инцидентот во кој беа вклучени два авиони на регионалната авиокомпанија „Делта“, „Ендевор Ер“, се случи во 21:58 часот по локално време. Едниот авион слетуваше, а другиот се подготвуваше за полетување, соопшти раководството на аеродромот.
JUST IN: Two Delta planes collided while taxiing at LaGuardia Airport in New York; wing of one of the planes detachedpic.twitter.com/ljcVJgjwtv
— BNO News (@BNONews) October 2, 2025
Делта соопшти дека член на екипажот на еден од авионите претрпел полесни повреди, а хоспитализирано е и уште едно лице кое не е во животна опасност.
Аеродромот, еден од најпрометните во САД, не беше затворен поради инцидентот.