ВИДЕО | Нијагарините водопади во боите на македонското знаме во чест на жртвите од пожарот во Кочани

Нијагарините водопади и кулата Си-ен во Торонто, утрово беа осветлени во црвено-жолто, боите на македонското знаме, во знак на сочувство и поддршка кон Македонија по трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што загинаа 59 млади луѓе.

 

Оваа церемонија ја организираа Јордан Битов и Македонската дијаспора во Канада.

Нијагарините водопади светнаа во 21:00 часот, односно околу 2:00 часот утрово, по македонско време

Back to top button
Close