(ВИДЕО) Николоски: Се надевам дека со Бугарија ќе најдеме заеднички јазик за да немаме пруга што завршува во тунел кој не води никаде
„Интензивно работиме и на изградба на железничкиот Коридор 8, каде првата секција од пругата кон Бугарија е речиси готова, а втората се работи во моментов. Во однос на третата секција имаме технички предизвици за кои се надевам дека воследниотvпериод ќе ги решиме, како во однос на проектирањето, а секако и други пречки за кои веќе зборував. Се надевам дека ќе најдеме заеднички јазик со цел да немаме пруга што завршува во тунел кој не води никаде“,рече тој.
Посочи дека состанокот со министрите е голема можност да се разменат мислења и да се поканат потенцијални донори и инвеститори да дојдат во Македонија, со цел побрзо да се завршат започнатите проекти.
„Прво, посочив дека во однос на авиолиниите имаме нова политика на субвенционирање што очекувам следната година да донесе нови дестинации кон скопскиот и охридскиот аеродром, но и некаде над 20 отсто повеќе патници и повеќе туристи во Македонија. За македонските граѓани значи повеќе можности да патуваат надвор од државата“ вели Николоски.
Во однос на изградбата на автопатиштата, вели дека пред министрите посочил дека до крајот на годината ќе биде завршен експресниот пат Куманово – Крива Паланка, како и експресниот пат Прилеп – Градско, кој, според него, ќе ја олесни комуникацијата.
Интензивно се работи и на патот Охрид – Кичево, според Николоски, а во наредниот период ќе се работи на патот Куманово – Букојани, на Букојани – Гостивар, на Гостивар – Тетово, како и на Прилеп – Битола.