(Видео) Ниту една камера на пресот на Левица на која пратеникот Мециновиќ побара оставка од Тошковски

Пресот ви го пренесуваме во целост:

Тогашниот градоначалник Димитриевски не презел ништо откако дискотеката почнала да работи.

Безбедносни пропусти и злоупотреби:

 

 

На вечерта на трагедијата имало 650 луѓе во дискотеката, иако капацитетот бил само 300.

 

Продадени биле 250 карти, а најмалку 31 малолетник бил присутен.

 

Фирмата „Рубикон“, која требало да обезбедува безбедност, немала потпишан договор со дискотеката.

 

Одговорност на институциите и полицијата:

 

Полицијата имала претходни пријави за кривични дела и нарушување на јавен ред и мир во дискотеката, но службениците од Кочани и Штип дале позитивно мислење за работата на локалот.

 

Има сведоштва дека полицијата не помагала за време на пожарот.

 

Постои сомнеж дека полицијата примала мито за да не постапува.

 

Разрешените началници се вратени на претходните работни места, што укажува на круг на неказнивост – за што бараме од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски да си поднесе оставка во рок од 7 дена, во спротивно ние ќе поднесеме интерпелација во Собранието.

Само дел од наведените причини ни открива дека ова не е само трагедија предизвикана од пожар – ова е целосен крах на системот. Оваа дискотека не само што работела незаконски, туку тоа го правела со години, пред очите на сите институции што требало да ја спречат. Корупцијата, небрежноста и институционалната неказнивост се директни виновници за смртта волкав број невини луѓе.

Поради сензитивноста на состојбата, индициите за сериозни системски и структурални пропусти во здравството во овој случај ќе ги оставиме за понатаму. Но, што можеме сега да заклучиме – е дека низ годините, за да се создаде богатство за малкумина уништувањето на јавното здравство не донесе во состојба да немаме центар за изгореници, да не можеме да одговориме на потребите на граѓаните во нормални услови туку да чекаме на милоста на другите држави, на кој сепак, во секој случај, им сме неизмерно благодарни.

И ова не е само список на пропусти или факти што сведочат за нефункционалноста на државата. Ова е акт на државна и доказ дека системот е длабоко заразен од корупција, дека инспекциите се фиктивни, дека безбедноста е оставена во рацете на оние што најмалку се грижат за неа. Македонија мора да биде држава во која законите важат за сите подеднакво, а животот е поважен од профитот.

Затоа, во наредните денови ќе предложиме четири клучни законски решенија:

Измени во Кривичниот законик – за одредбите кои беа сменети минатата година а се однесуваат на кривичната одговорност поврзана со злоупотребата на службената положба.

Укинување на приватното обезбедување во објекти од висок ризик, државни објекти и поголеми собири – само професионални, државно сертифицирани единици ќе можат да вршат обезбедување на масовни собири и државни институции.

Измени во Законот за инспекциски надзор, како и во Законот за градење, како и по барање на медиумски работници да се создаде законска материја која ќе ги обврзува медиумите да имаат фонд на материјал за емитување во денови на жалост по примерот на јавниот сервис.

Ова мора да биде последната ваква трагедија.

 

Македонија не смее да биде земја каде што животот се купува и продава. Каде што корупцијата диктира кој ќе живее, а кој ќе гине. Каде што институциите служат како параван за неказнивост, а граѓаните се оставени сами на себе.

 

Дојден е моментот на одлука. Или ќе изградиме систем што ќе ги штити луѓето, или ќе оставиме анархијата да владее. Или ќе расчистиме со корупцијата, или ќе ѝ дозволиме да убива. Нема повеќе сиви зони, нема повеќе изговори.

Ова не е прашање на политички разлики, туку на државна чест. Ова е тест за Македонија.

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close