(ВИДЕО) Нови масовни протести во Бугарија – барања за оставка на владиниот кабинет

Голем антивладин протест со барање за оставка на владиниот кабинет вечерва се одржува во центарот на Софија, пренесува бугарската агенција БГНЕС. Протести има и во неколку градови низ Бугарија, на кои прво се бараше промена на буџетот за 2026 година, првиот што ќе биде подготвен во евра, а сега и оставки од кабинетот.

Од вечерашните протести во Софија / Фото: Принтскрин

Илјадници граѓани вечерва се собраа во центарот на Софија. Протестите се одржуваат на „Плоштадот на независноста“ и на плоштадот „Принц Александар Први Батенберг“.

Протестите се одржуваат по мотото „Оставка“.

Инаку, денешните протести се одржуваат по дебатата за шестото гласање за недоверба на владиниот кабинет, која траеше повеќе од четири часа. Гласањето ќе се одржи утре во 13:30 часот.

Демонстрантите беа пречекани од лидерот на партијата Демократи за силна Бугарија (ДСП), Атанас Атанасов, со зборовите:

„Ние сме силни! Мора да ја вратиме нашата земја!“.

Според него, владејачката партија ги гази правилата во земјата.

 

„Денеска имаше дебата за гласање недоверба, утре треба да има гласање. Поднесете оставка!“,рече тој.

Со протестите се изразува незадоволство од буџетот, односно против плановите на владата да ги зголеми придонесите за социјално осигурување и данокот на дивиденда за покривање на повисоките владини трошоци, но и поради широко распространетата корупција во земјата.

 

Учесниците на протестот бараат оставка на владата на Росен Жељазков, оти сметаат дека овој кабинет го водат Борисов Борисов и Дељан Пеевски.

 

И во неколку други градови низ Бугарија вечерва се одржуваат протести.

 

Во Пловдив неколку илјади луѓе има на плоштадот „Унија“. И во Варна граѓаните бараат оставка од кабинетот и предвремени избори.

 

Стотици граѓани во Благоевград се собраа на плоштадот „Георги Измирлиев“ и побараа оставка од тамошната влада. Во главно, организатори на овие протести се студентите.

 

 

 

Back to top button
Close