ВИДЕО: Објавена снимка од бруталното претепување на Тајр Николс од американски полицајци

Градот Мемфис објави видеоснимки на кои се гледа како петмина полицајци крвнички го претепуваат 29-годишниот Тајр Николс, кој подоцна им подлегна на повредите. На една од снимките се забележува како Николс лежи на стомак, а полицајците прскаат со спреј во неговото лице. Друга снимка покажува како го шутираат додека тој во плач ја повикува својата мајка.

29-годишниот афроамериканец Тајр Николс на 7 јануари бил запрен поради несовесно возење, а починал три дена подоцна како резултат на повредите од тепањето од полицајците.

По неговата смрт, петтемина полицајци се обвинети за убиство од втор степен, а градот Мемфис каде што и се случи настанот, објави четири снимки од полициските камери кои службениците ги носеле на себе, но и снимка од камера која се наоѓа на еден од столбовите близу местото каде што Николс бил претепан. На едно од видеата се гледа како полицајците го извлекуваат Николс од автомобилот додека тој вели дека не направил ништо и дека само сака да си оди дома.

Полицајците кои се обвинети за убиството на Николс
Полицајците кои се обвинети за убиството на Николс

Back to top button
Close