(Видео) Објавени снимки од дрон: Мариупол е разрушен

Доцна синоќа се објавени сателитски снимки од источен Мариупол на коишто се гледаат пожари и разрушени згради, а украинскиот батаљон Азов објави снимки од дрон на кои се гледа колку е разрушен украинскиот град.

Цивилите повеќе од две недели се  во овој црноморски крајбрежен град којшто е опкружен со руските сили и во коишто залихите со храна се прикрај, објавија украинските власти.

Од почетокот на руската инвазија во овој град загинаа повеќе од 2.500 жители.

Мариупол многумина го сметаат за симбол на украинскиот отпор. Од почетокот на војната во регионот Донбас во источна Украина во 2014 година, градот одбрани неколку обиди на проруските сепаратисти да ја преземат власта, пренесува ДПА.

 

 

Back to top button
Close