(ВИДЕО) Ѓоковиќ пее на бугарски пред утрешниот меч со Димитров во Софија

Порача дека е спремен за дуелот со Димитров, кој ќе биде прв во кариерата на Ѓоковиќ во Бугарија. Егзибицискиот меч е дел од промоција на фондацијата на бугарскиот тенисер. Натпреварот ќе се одигра во „Софија арена“ чиј капацитет е 12.373 седишта.

Билетите беа пуштени во продажба во август и целиот капацитет на „Софија арена“ беше распродаден за осум минути.

Спектаклот со еден од најдобрите тенисери на сите времиња го најави и Димитров.

„Подгответе се за класичен, безвременски и уникатен меч. Ќе играм против Ѓоковиќ на 17 септември во 20 часот. Придружете ни се на незаборавна вечер на врвен тенис и поддржете ја мојата фондација. Да ја направиме вечер за паметење“, напиша Димитров на социјалните мрежи.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close