(ВИДЕО) Јовановски: Во студија на поранешниот италијански премиер за иднината на Европа е исцртано проширувањето, тоа е многу важно за нас

„Деновиве се објави фамозниот документ, извештај на Лета, поранешниот италијански премиер. Тој доби во јуни 2023 година на Самитот на Европскиот Совет доби мандат да изготви извештај, документ кој ќе направи прогноза на тоа што ќе се случува и ќе понуди извесни решенија. Тоа е сериозна, исцрпна студија од 150 страни. Појдовна точка е дека работите од војната односно упадот на Русите во Украина и се она што се случува, дека работите од тој момент стануваат во иднина поинакви. Документот е иднината на заедничкиот пазар“; рече новинарот, Борјан Јовановски во поткастот „Политиканти“ на „Слободен печат“.

Тој додаде дека и нашите политичари не треба да се однесуваат како да сме некој остров во Пацификот, туку треба да сфатат дека сме дел од Европа.

„Лета ги наведува преструктурирањата во меѓународните односи, едноставно сосема нов светски поредок и се обидува да ја позиционира Европа и заедничкиот пазар како можат да се снајдат во сето тоа. Во таа пресметка тој пишува: ‘Ние воведуваме санкции кон Русија, Иран и со Кина треба да се внимава’… пазарот не е истиот, се е поинаку. Во тој документ е исцртано проширувањето, а тоа е многу важно за нас“ заклучува Јованоски.

Тој додава дека досега можеби имаше многу скептици кои велеа дека нема да има проширување, но станува очигледно дека проширување ќе има и во мандатот на Лета му е дадено да ја пресмета таа иднина на ЕУ.

„Економистите би требало сериозно да се подзамислат и да се отвори сериозна дебата околу тоа што понатаму“, потенцираше Јовановски.

Back to top button
Close